| четврток, 6 декември 2018 |

Алкохолот и месото ја зголемуваат плодноста кај мажите

месоПремногу алкохол може да влијае на сексуалниот живот, но повремена чаша вино или пиво може да ја подобри машката плодност и сексуалната функција, судејќи според најновите истражувања.
Како за пример, мажите кои пијат кафе и други напитоци со кофеин имаат помали шанси да добијат дете, додека друга студија покажала дека конзумирањето на месо ја зголемува густината на спермата во споредба со мажите кои се вегетаријанци или вегани.

Различни животни фактори можат различно да влијаат на квалитетот на здравјето кај мажите.

Група истражувачи од Универзитетот Рочестер медицинскиот центар во Њујорк проучувале 753 мажи кои биле на третман за зголемување на плодноста меѓу 2003 и 2011 година.Истажувачите ги следеле состојбите кај нивните учесници во студијата за нивните навики кога алкохолот и цигарите биле во прашање, како и за нивното сексуално здравје.Просечната старост кај мажите била 35 години.

Оние кои не конзумирале алкохол често имале проблем со ерекцијата и способноста да изведат сексуален однос.

За споредба, 8,4 % од пушачите имале благи или сериозни проблеми со еректилната дисфункција и биле незадоволни со својот сексуален живот отколку лицата кои не пушат.

Меѓутоа, сите напитоци немаат позитивно влијание.Паровите во кои мажите конзумираат 256 милиграми кофеин имале помали шанси да затруднат отколку паровите во кои мажот конзумира 88 милиграми помалку кофеин дневно.

Во неврзана студија, истражувачите од Лома Линда универзитетското училиште по медицина во Калифорнија откриле дека вегетаријанците имаат значително лош квалитет на спермата и нејзиното движење отколку лицата кои конзумираат месо.

“Оваа студија ни пружа информации кои на мажите можат да им помогнат да направат паметни животни одлуки за себе, за партнерот и нивното потомство“, заклучија истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top