Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по пласманот на Македонија на Европското првенство во Полска следната година, не го криеше задоволството од обезбеденото новото учество на завршницата на континенталниот собир.
– Ние ја остваривме целта. Иако можеби не се израдувавме како што треба. Сепак ова е голема работа за Македонија, како спортска нација. Бевме во исклучително квалитетна квалификациска група. Можеби можевме и повеќе, но како и да е мора да бидеме задоволни. Пред нас претстои ЕП, изјави по натпреварот Кирил Лазаров.
Тој истакна дека исклучително е важно што во селекцијата сега има повеќе интернационалци, потенцирајќи ги поранешните ракометари на Металург, кои сега настапуваат во странство.
– Не треба да се задоволивме само со континуитетот кој го имаме. Треба да се обидеме да одиме чекор повеќе. Би звучело многу ветувачки ако кажам дека во Полска ќе одиме да го повториме петтото место од Србија, но мора да бидеме во самиот врв, да се бориме со најдобрите во Европа, рече Лазаров.
Кирил Лазаров со 11 постигнати голови беше нашиот најефикасен ракометар во победата на Македонија над Словачка од 32:28.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст