| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувана победа на Украина над Луксембург

fudbal

Фудбалската репрезентацијата на Украина славеше очекувана победа над Луксембург со 3:0. Во првиот меч од квалификациска група „Ц’’ за пласман на Европскиот шампионат во Франција следната година, Украина до победата стигна со головите на Артем Кравец (49-минута), Денис Гармаш (57) и Јевгениј Конопјанка (87).

Со новите три бодови и вкупно 12, Украина се израмни со Шпанија на второто место на табелата во групата „Ц’’ во која водечката Словачка која вечерва од 20:45 часот ја пречекува Македонија има максимални 12 бодови.

По Украина, следува Белорусија со 7 бода, која пак вечерва е домаќин на Шпанија, а потоа нашата селекција која досега во квалификациите има три освоени бода, додека последниот Луксембург има 1.

Покрај дуелите од оваа група денеска на програмата се и средбите од уште две групи и тоа:

Е група: Естонија – Сан Марино 2:0, Словенија – Англија 2:3 и Литванија – Швајцарија (од 20:45 часот).

Табела: Англија 18 бодови, Швајцарија 9, Словенија 9, Естонија 7, Литванија 6 и Сан Марино 1.

Г група: Лихтенштајн – Молдавија 1:1, Русија – Австрија 0:1 и Шведска – Црна Гора (од 20:45 часот).

Табела: Австрија 16 бодови, Шведска 9, Русија 8, Црна Гора 5, Лихтенштајн 5 и Молдавија 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top