| четврток, 6 декември 2018 |

Kако да „си играте“ со градите на партнерката

gradi

Галењето на градите на партнерката и не е некоја голема филозофија, нели? Е, па не е баш така. Повеќето мажи се неумешни во тоа, па затоа еве неколку совети за нив:
1. Допирајте ги градите стоејќи зад партнерката и притоа масирајте ги сензуално. Не може да види што правите, па ќе биде повозбудена.

2. Бакнежите и смукањето можат да бидат многу возбудливи, но ако се концентрирате исклучиво на брадавиците и ако ги смукате силно, тогаш доаѓа до иритација и до чувство на непријатност. Концентрирајте се и на кожата околу брадавиците.

3. Допирањето на градите под туш е идеално за предигра. Топлата вода ги шири крвните садови, а сапунот дејствува како лубрикант, па допирите стануваат уште посензуални.

4. Додека ја соблекувате, протријте ги врвовите на нејзините гради преку градникот. Тоа ѝ дава едно посебно чувство.

5. Поголемиот дел од жените сакаат нежна масажа на градите со повремени нежни притискања во кои е опфатена целата града, наместо постојани стискања. Не применувајте подолг период ист притисок на градата.

6. Обратете внимание на тоа дали ги трга вашите раце од нејзините гради. Тоа значи дека сака да преминете на нешто друго или, пак, не ѝ се допаѓа токму тој начин на допирање на градите.

7. За да откритете колкав интензитет на допири сака на брадавиците, испробајте на себе. Мажите и жените имаат еднаков број нервни завршетоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top