| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Ахмети – Митов

ahmeti-i-grubiПретседателот на ДУИ Али Ахмети, денеска во Тетово се сретна со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов, кој беше придружуван од заменик министерот за надворешни работи, Валентин Пориазов и бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков.

Ахмети, информираат од партијата, го запозна Митов со позициите на ДУИ во врска со актуелната политичка криза во земјата, односите со соседите и Евроатлантската интеграција и изрази целосна поддршка за постигнување на договор за добрососедство со Бугарија.

За политичката криза, Ахмети истакнал дека политичките лидери во земјата треба да му дадат уште една шанса на договорот од 2 јуни и да го спроведат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top