Дваесетина мигранти од Сирија со мачети се тепале во центарот на Демир Капија. Според Плусинфо во големиот инцидент има двајца полесно повредени, а еден мигрант кој е потешко повреден е пренесен со возило на Брза помош во велешката болница. Инцидентот го потврди и полицијата која извести дека започнала истрага.
Настанот се случил попладнево на главната улица во градот, каде се лоцирани безмалку сите локали и продавници. Во еден момент се сретнале двете групи кои прво почнале да се удираат со велосипедите. Потоа еден од мигрантите извадил нож, а по него поголем број од странците од ранците извадиле мачети, па почнале да се удираат и бодат.
За среќа, во тепачката се вмешало локалното население и неколкумината полицајци кои спречиле голем масакр. На улицата, велат сведоците на настанот, имало неколку локви крв, а започната е и истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст