| четврток, 6 декември 2018 |

Руска бајка се снима во Повардарието

klisura demir kapijaРуска бајка се снима во Повардарието, но и на неколку други локации во Македонија, информира денеска Александар Кленов, руски алпинист кој извесно време живее крај Демиркаписката клисура и е водич на руската екипа.

– Екипата е составена од деца актери,  филмски работници,  психолози и едукатори за деца. Бајката се снима на неколку локации во државава,  најмногу во Повардарието,  Тиквешијата и јужниот дел на земјата, а особено во Демир Капија. Граѓани на Македонија исто така учествуваат во снимањето, соопшти Кленов.

Екипата има снимано бројни филмови и освоено многу награди и признанија низ разни светски фестивали.

Во  Домот на културата во Демир Капија беше  прикажана една од наградените бајки, а влезот беше слободен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top