| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На изградба на патишта се ангажирани 2.500 работници, број што уште ќе расте

Премиерот Никола Груевски денеска при посетата на охридско-струшкиот регион изјави дека во Македонија во моментот се градат околу 230 километри патишта и оти на нивната изградба се ангажирани над 2.500 работници.

– Тој број ќе расте и во наредните месеци и години. Градбата на автопатот Кичево-Охрид е значаен за жителите што живеат во овој регион кои најчесто го користат за патување кон Скопје или Кичево, а ќе значи многу и за туристите. Неговата изградба е значајна и за градежниот сектор, за ангажираните компании од регионот како подизведувачи, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека веќе се работи и еколошката струдија за експресниот пат Охрид – Пештани. – Ќе бидеме многу внимателни околу еколошките аспекти поврзани со овој пат. Многу внимаваме на тој дел и затоа внимателно се подготвува еколошката студија. Доколку се е во ред, очекуваме кон крајот на оваа и почетокот на идната година да почне градбата на овој експресен пат меѓу Охрид и Пештани, нагласи Груевски, додавајќи дека за овој експресен пат и автопатот Охрид – Кичево ќе бидат инвестирани околу 240 милиони евра.

Покрај ова, како што информира премиерот, во завршна фаза е и објавувањето јавен повик за изнаоѓање концесионер на патот меѓу Кичево и Гостивар.

Според Груевски, станува збор за исклучително важни зафати кои ќе дадат нов импулс во економскиот развој на регионот, но и во развојот на градежништвото и на туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top