| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук го губи приматот на најпопуларна социјална мрежа

Најзастапената социјална мрежа во светот „Фејсбук“ полека губи од својата популарност, бидејќи опаѓа бројот на активни корисници, додека истовремено се повеќе луѓе го користат „Youtube“, пишува порталот „Кирилица“.

Ова го покажуваат резултатите на истражувањето на „Global Web Index“.

Според истражувањето, лани „Фејсбук“ останал на врвот по бројот на корисници, но овојпат е забележан пад за цели 9 проценти во однос на претходната година.

„Тоа значи дека помеѓу тинејџерите „Фејсбук“ е на дури трето место, над него се „YouTube“ и „Instagram“. Корисниците помеѓу 16 и 19 години најмногу користат „YouTube“, „Instagram“, „Twitter“ и „Snapchat“, при што „Snapchat“ помеѓу тинејџерите во САД е далеку попопуларен од „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“.

Тоа го потврдува и податокот дека младите со дури 3,5 пати поголема веројатност ќе користат „Snapchat“ во однос на просечен корисник на интернет“, објавија истражувачите кои додаваат дека од просечните 5,39 социјални мрежи на кои корисниците имаат отворени профили, активно се користат нешто помалку од три платформи, а на нив дневно поминуваат дури 1 час и 40 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top