| четврток, 6 декември 2018 |

Французинка измисли костим за капење кој предупредува кога е доволно сончање

Француската претприемачка Мари Спинали осмислил костим за капење за жени кој ќе биде опремен со водоотпорен соларен колектор поврзан со смартфон кој неговата сопственичка ќе ја предупредува на кожата да нанесе крема за сончање.

„Идејата ми дојде еден дена кога на плажа забележав девојка којашто изгорела на сонцето“, појаснува Мари Спинали, сопственичка на фирмата „Spinali Design“ од Мулуз на истокот од Франција.

„Се сетив и дека постојат тегли за цвеќиња со сензори кои предупредуваат кога на растението му е потребно вода, па помислив дека можеби би требало да се измисли нешто што луѓето би ги предупредувало дека предолго се изложиле на сонце и дека е време на кожата да нанесат крема за сончање“, вели во репортажата на AFP оваа млада Французинка.

Спинали се надева дека оваа година ќе продаде околу илјада вакви костими за капење со ознаката „Made in France“. За почетокот таквите костими ќе се произведуваат само за жени по цена од 149 евра и ќе бидат изработени по мерки на заинтересираните.

На костимот, како што објаснува натаму Спинали, е прицврстен мал водоотпорен сензор кој го мери ултравиолетовото зрачење. Информацијата преку смартфон или таблет ќе биде испраќана до сопственичката којашто однапред внела податоци за типот на својата кожа и саканиот процент на потемнетост. Апликацијата на смартфонот го предупредува лицето кое се сонча дека е време да нанесе крема за сончање.

Таа истакнува дека овој изум е практичен, бидејќи кога лицата коешто се изложуваат на сонце, ќе помислат дека е вистинско време да се намачкаат со крема за сончање, најчесто е веќе предоцна и „изгореле“ на сонцето.

Заменичката претседател на Националниот синдикат на дерматолози, др Клодин Бланше-Бардон изјави дека „замислата е занимливо и многу е полезно“, но предупредува дека и натаму најдобрата заштита од сонцето е да не се изложува на неговите зраци премногу ниту предолго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top