Во Баку синоќа беа свечено отворени првите Европски Олимписки Игри. На свеченото отворање македонското знаме го носеше каратистот Емил Павлов.
Покрај тоа што беше знаменосец Павлов ќе ја има и таа чест прв да се појави и на борилиштата од македонските спортисти. Тој денеска за ривал ќе го има Евгениј Плахутин од Русија, а вториот наш претставник денеска Мартин Несторовски ќе има борба против Спиридон Маргаритопулос од Грција.
Македонската делегација на Игрите ја претставуваат 45 спортисти, а на стартот беа присутни само дел кои ќе настапуваат во првите денови.
На Европските игри се очекува учество на околу 6.000 спортисти во 20 спортови, а ќе бидат присутни од 50 држави од Европа.
Свеченоста на отворањето на стадионот ја следеа 68.195 гледачи. Првите Европски Игри ќе се одржуваат од 12 до 28 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хамилтон и Фетел на прес-конференција ги расчистија сметките
-
Иванов-Нишани: Потребна е воздржаност и нормализирање на билатералните односи
-
Иванов: Македонија е пример за двојните стандарди и лицемерието на сегашниот меѓународен поредок
-
Шкендија со поволен резултат се враќа од Баку пред реваншот во Скопје