Австрискиот енергетски концерн подготвува проект за изградба на гасовод за дистирбуција на руски гас до Европа, кој би ја заобиколил територијата на Украина, објавија австриските медиуми. Според неофицијалните информации, со новиот проект би раководел поранешниот директор на конзоциумот што требаше да го гради гасоводот „Набуко“, Рајнхард Мичек.
Гасоводот „Набуко“ беше заеднички проект на неколку европски енергетски компании, меѓу кои и ОМВ, преку кој требаше да се дистирбиура природен гас од Азербејжан до Европа. Гасоводот требаше да минува преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.
ОМВ досега не ги коментираше најавите за изградба на нов гасовод, но „Газпром“ објави фотографии од преговори одржани на 3 јуни, на кои се прикажани првиот човек на рускиот енергетски гигант Алексеј Милер, Мичек и новиот директор на ОМВ, Рејнер Зеле.
Во извештаите на австриските медиум не се посочува трасата по која би се движел новиот гасовод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.