| четврток, 6 декември 2018 |

Протести на бугарските полицајци, пожарникари и затворски чувари

bugarska policijaПолицајци, пожарникари и чувари се сообраа попладнево на протест во Софија, незадоволни од предложената реформа на пензискиот систем и условите за работа. Учесници на протестот истакна дека ќе продолжат со протесните собири до крајот на идната недела, а за утре најавија поставување на шатори пред Парламентот.

Тие се назадоволни од владините предлози за промена на условите за пензионирање на вработените во полицијата и во противпожарната и чуварската служба, а воедно бараат и подобрување на нивните услови за работа.

Пред денешниот протест, Синдикатот се сретнаа со минстрите за внатрешни работи и за социјална политика, ноне беше постигнат договор за надминување на разликите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top