Оние кои се противат на планот на ЕУ за релокација на илегалните имигранти според утврдени квоти во земјите-членки на Унијата се лицемерни, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Како што јави ДПА, предлогот на Еврокомисијата за прераспоредување на имигрантите ќе биде главна тема на средбата за министрите за внатрешни работи и за правда што следната недела ќе се одржи во Луксембург.
Со планот се предвидува 40.000 илегални имгарнти, кои во моментов се наоѓаат во Италија и Грција, да бидат префрлени во сите земји-членки на ЕУ според квоти утврдени врз основа на големината и потенцијалите на секоја држава.
Меѓутоа, дестина источноевропски земји-членки на ЕУ, како и Шпанија и Португалија не се задолни од предлогот на Комисијата и според дипломатски извори во Брисел, вршат притисок прифаќањето на имигрантите да биде на доброволна основа, а не задолжително.
Доколку биде прифатено таквото барање, постои опсаност најголемиот број од имигрантите и натаму да останат во Италија и Грција.
– Луѓето велат дека Грција мора сама да го реши тој проблем. Тое е неверојатно лицемерно, изјави Јункер за телевизијата „Франс Култур“.
Според Јункер, лицемерно е кога некои „се расплакуваат кога навечер на телевизија гледаат како луѓе умират на отворено море и потоа следниот ден доаѓаат на средби во Брисел велејќи: Сами решавајте си ги проблемите“.
– Не можеме да ги оставиме Италија, Грција, Малта и Шпанија сами да се справуваат со масовниот прилив (на имигранти). Ако сакаме да ја манифестираме великодушност и јачина на европската солидарност, нема подобра можност тоа да го направиме по прашањето на имигрантите, истакна Јункер.
Сепак, според дипломатски извори, на министерската средба во Луксмебург во вторник не се очекува да биде донесена никаква одлука во врска со планот на ЕУ, порди несогласувањата со ваквиот предлог.
– Јасно е дека нема квалификувано мнозинство, изјавија истите извори.
Темата со мигратските квоти ќе се најде и на Смаитот на ЕУ по две недели, што ќе биде последна средба на европските лидери пред почетокот на летото, кога се очекува зголемен прилив на илегални имигранти преку Средозменото Море кон Европа.
– Од почетокот на годината на нашите брегови пристигнаа над 100,000 луѓе. Мораме да дејствуваме сега, а не по четири месеци, изјави прд два дена портпарлото на Европската комисија, Наташа Берто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.