| четврток, 6 декември 2018 |

Военоморските сили на САД и Русија разговараа за избегнување случаен судир

Russia-Navy-Larger-Than-U.S.-Navy-Now-With-Addition-of-Ukraine-Navy-ShipsПретставници на военоморските сили на САД и Русија се сретнаа првпат од почетокот на украинската криза, со цел да најдат начин како да избегнат случаен судир во море или во воздух, изјави денеска американски военоморски командант.

– Се одржа отворен, искрен и продуктивен разговор, за тоа како подобро можеме да дејствуваме во едно заедничко водно пространство, а притоа да избегнеме пропусти и погрешни проценки, истакна заменик командантот на американските военоморски сили во Европа, вицеадмирал Џејмс Фого.

Двете делегации остварија средба оваа недела во Генералштабот на Шестата американска флота во Неапол. Последен пат претставници на военоморските сили на САД и Русија се сретнаа во ноември 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top