| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени уште 12 илегални емигранти во Гевгелиско

emigranti

Дванаесет мигранти биле затекнати во две возила кога полицајци ги сопреле во близина на Гевгелија. Двјцата возачи се кривично пријавени.

МВР јави дека РЦ за ГР „Југ“ поднесе кривична пријава за Џ.Ш.(38) и А.М.(35), двајцата од Скопје, за кривично дело шверцување емигранти.

Завчера во 23.40 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, во близина на надвозникот кај местото Калајџиев брест, Гевгелиско, од страна на полициски службеници е извршена контрола на две патнички возила, управувани од пријавените, каде што се затекнати 12 емигранти (шест од Сирија и по двајца државјани на Пакистан, Сиера Леоне и Мали), кои претходно нелегално влегле во Р Македонија. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од  30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top