| четврток, 6 декември 2018 |

Се фалеле на „Фејсбук“ дека мамеле на испит, па им ја поништиле матурата

Во две виенски училишта се поништена е матурата по од математика затоа што децата преку социјалните мрежи се фалеле дека мамеле на испитите.

Едно од двете училишта е Гимназијата Хегелгасе 14, каде едно цело одделение мамеле во текот на испитот.

Учениците ги фотографирале задачите и преку мобилните телефони им ги испраќале на нивните наставници по дополнителна настава, кои ги решавале прашањата.

Некои ученици преку социјалните мрежи се фалеле, па врз основа на тоа била активирана комисија на Градската образовна институција која детално го анализирала испитот и утврди дека очигледно имало неправилности.

И во Гимназијата Хенриетенплац е забележан сличен случај, па Комисијата утврди дека оценките се неприфатливи, затоа што очигледно имало измами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top