| четврток, 6 декември 2018 |

Збеснат охриѓанец сакал да направи сообраќајка со полицајци

policija krajsler

Триесет и четиригодишен охриѓанец полудел од бес кога двајца полицајци го сопреле со возилото и му побарале документи.

Тој прво забележал полициско возило во центар на Охрид и се обидел со автомобилот да удри во полицајците, но тие успеале да го избегнат сударот. Подоцна го сопреле, а тој им се заканувал и ги нападнал со боксови.

Охридската полиција јави дека поради постоење основи на сомнение за казнено дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ј.М.(34) од Охрид.

Истражен судија на пријавениот му одреди притвор во траење од осум дена. На 23 овој месец, пријавениот најнапред вербално, а потоа и физички нападнал полициски службеници кои спроведувале задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил во 22.50 часот на улицата „Димитар Влахов“, каде што полициските службеници го сопреле неговото патничко моторно возило и откако се легитимирале, му ги побарале возачките документи.

Ј.М.  притоа почнал на глас да  им се заканува дека ќе ги избркал од работа упатувајќи им низа навреди и недолични зборови, по што со тупаница го удрил полицискиот службеник, кој бил во непосредна близина и му нанел телесни повреди. Претходно,  Ј.М. управувајќи го своето моторно возило „ауди“ по булеварот „Туристичка“  го забележал возилото на полициските службеници и брзо свртел кон десната коловозна лента по која тие се движеле. Со навремена реакција на полицискиот службеник што го управувал службеното возило, била избегната сообраќајна несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top