Жител на Младо Нагоричане, синоќа околу 18 часот на неговата нива во месноста Травуљци пронашол безживотно тело на жена со видливи изгореници по телото.
Жителот на Младо Нагоричане ја повикал кумановската полиција. Припадницте на СВР Куманово, се посомневале дека се работи за претходно пријавена исчезната жена и ги повикале членовите на семејството, кои ја идентификувале жената.
Инаку, во СВР Куманово, членови на семејството пред два дена ја пријавиле за исчезната 67 годишната Љиљана С.
На местото каде што е пронајдена жената увид извршиле јавен обвинител и СВР Куманово. Според првичните сознанија, на телото биле видливи изгореници за кои се претпоставува дека настанале од удар на гром. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која ќе ги покаже причинитe за смртта на жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.