| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на конгрес на Партијата на европски социјалисти во Будимпешта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска и утре учествува на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) што се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев, се и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.

Конгресот на ПЕС претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент, како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа, соопшти СДСМ.

Предвидено е Заев да има повеќе средби со високи владини и партиски функционери од сестрински социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top