| четврток, 6 декември 2018 |

Шефчович: ЕУ не бара Србија енергетски да се дистанцира од Русија

Gas pipeline reverse flow opening

Европската унија не бара од Србија енергетски да се дистанцира од Русија, изјави потпретседателот на Европската комисија и комесар за енергетика Мариш Шефчович, додавајќи дека за „Турски тек“ мора да се разговара бидејќи за него се знае само од прес-конференции.

Приоритет на ЕУ во регионот е гасна интерконекција меѓу Бугарија и Србија и спојување со гасни терминали во Хрватска, изјави Шефчович за РТС.

Шевчович, кој беше во дводневна посета на Белград, изјави дека за ЕУ регионален приоритет е бугарско-српска гасна интерконекција и дека се подготвени од свои фондови да поддржат енергетска диверзификација.

Според Шефчович во однос на руските планови, ЕУ сака испораката на гас да биде во Европа, а не на турска граница.

На прашањето дали кога Србија се советува да го диверзификува своето енергетско снабдување, всушност се порачува земјата да се дистанцира од Русија, Шефчович одговори дефинитивно не.

Тоа што сакаме да постигнеме е секоја европска држава да има поголема енергетска безбедност, а тоа значи пристап до најмалку три различни извори на гас. Тоа од една страна ја зголемува конкуренцијата, што позитивно влијае на цената, а од друга страна и енергетската безбедност е поголема, истакна Шефчович.

– Во однос на „Турски тек“ треба да разговараме, бидејќи за него досега знаеме само од прес-конференции. Нам ни е потребно да знаеме какво влијание ќе има на комплетната енергетска безбедност во Европа и дали ќе се почитуваат европските закони. Исто така, тоа го отвора и прашањето за Украина. Тој тек мора да се сочува, таму имаме гасоводи што се користат со децении, дури и во времето на студената војна. За „Турски тек“ треба да разговараме во констуктивна атмосфера, да ја разгледаме комерцијалната страна на проектот и да видиме дали се вклопува во стратегијата на енергетската унија – истака Шефчович.

Потпретседателот на Европската комисија и комесар за енергетика, нагласи дека ЕУ интензивно комуницира со руските партнери, особено во однос на трилатералните преговори со Украина и за „зимскиот пакет“ за рускиот гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top