Потребна е поддршка со донации за доизградба на куќа на петчленото семејство Ристоски од тетовското село Сиричино. Куќата, која беше постара од 50 години, се урна во декември лани поради дотраеност и интензивните врнежи, а семејството Ристоски продолжи да живеат кај соседи.
Во активностите за изградба на нов дом на сиромашното семејство се вклучи здружението „Градиме иднина“ со барање на потребните донации. Досега, како што информираат, е поставена првата плоча, носечките столбови и е изѕидан внатрешниот дел.
Како што укажуваат, неопходна е натамошна поддршка и помош. За да се заврши проектот потребни се следниве средства: фер греди – 30 парчиња од по два метра, фер греди 50 од по 3,8 метри, 45 греди од по 6 метри за покрив, монте 4 палети, кадрони 5х5 за 120 м2, надворешна влезна врата со едно крило за куќа, 40 вреќи од 50 ккилограми усјемал, 11 кубици готов бетон (2 миксера од 5,5 м2), 110 м2 лим, плочки ѕидни 30 м2, плочки подни 10 м2, лепак за плочки 10 вреќи од 25 килограми, у-врска 5 кг, електрични кабли (за куќа од 85 м2), глет маса (за куќа од 85 м2), поликолор (за куќа од 85 м2), автоматски осигурувачи 20, табла за автоматски осигурувачи, ламинат и филц за 85 м2, цевки, колена и вентили за ВЦ, информираат од „Градиме иднина“.
Донации може да се испратат на броевите 070-075-077 143 999 или на жиро сметката на здружението бр. 300-0000036543-17, Комерцијална банка АД Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст