Можеби денес само на „Твитер“ има 32,5 милиони следбеници, а на „Инстаграм“ дури 35.8 милиони, Ким Кардашијан пред девет години беше далеку од оваа популарност во која денес ужива.
Во далечната 2006 година, пред нејзиниот порнофилм да ја однесе во центарот на вниманието на јавноста, ријалити ѕвездата имала само 856 пријатели, а нејзините постови можеле да се соберат само 73 коментари.
Профилот на Ким на тогаш мегапопуларната социјална мрежа „Мај спејс“, деновиве беше споделен на интернет.
„Принцезата Кимберли“ вели дека таа е принцеза, а не вие (јасно?). Таа најмногу сака да се запознае со Бога, а за неа херој е нејзиниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.