| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕверско малтретирање врз момче од Крагуевац – уринирале врз него и го терале орално да ги задоволува

Седумнесетгодишно момче од Крагуевац, Србија било киднапирано и сексуално злоставувано.

Момчето било киднапирано од страна на тројца непознати мажи додека играло кошарка во училишниот двор. Мажите го нападнале момчето со шипки и ножеви и го ставиле во багажникот од автомобилот.

Насилниците со автомобилот го однеле во парк, каде им се придружиле и други мажи. Сите се изживувале врз момчето, го тепале, го присилувале орално да ги задоволува и уринирале по него. На крај го оставиле блиску до неговиот дом, од каде е пренесен во болница.

Причината за киднапирањето се уште не е позната, но како што изјавува мајката на малтретираното момче, најверојатно се работи за девојка. Наводно момчето и ставило нож под врат, а таа за тоа го известила брат и.

Драмата не завршува тука, бидејќи еден од насилниците се појавил во болница и му кажал да ја повлече кривичната пријава ако не сака да страда целото негово семејство.

Полицијата сеуште трага по напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top