Поради зголемениот број убиства, околу 330 дополнителни полицајци ќе патролираат на улиците на Њујорк во десет квартови каде што стапката на криминал е највисока.
Од почетокот на годината во Њујорк се забележани 451 пукање, што е за 23 пати повеќе во однос на истиот период минатата година. Извршени се 143 убиства, додека минатата година во истиот период биле 121, соопшти полицијата.
Ова е втора година по ред како полицајците кои работат во канцеларии се распоредени на улица.
Комесарот на њујоршката полиција Бил Братон изјави дека таквата практика ќе продолжи сѐ додека не се намали стапката на криминал.
– Њујорк е еден од најголемите градови во САД што е безбеден, но, за жал, тоа ниво на безбедност не е исто во сите заедници – изјави Братон.
Њујорк, град со 8,4 милиони жители, има 34.500 полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре