| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 14 случаи на заболени со МЕРС во Јужна Кореја

Меѓу заболените има и бремена жена, која се заразила во ургентен центар во Сеул, а е поврзана со други заболени случаи. Родителите на бремената жена, исто така, претходно покажале позитивен резултат на МЕРС, се наведува во соопштението на Министерството. Состојбата на жената е стабилна.

Ширењето на МЕРС предизвикува страв меѓу Јужнокорејците, а претседателката Парк Геун-Хе ја одложи посетата на САД. Здравствените власти се критикувани за недостиг на транспарентност и за тоа дека не успеваат да ја контролираат заразата.

Заедничката мисија на Јужна Кореја и на Светската здравствена организација вчера препорача училиштата во земјата повторно да бидат отворени бидејќи е мала веројатноста таму да се шири вирусот, додека училишните совети повикуваат училиштата да останат затворени.

Јужна Кореја е втора земја во светот по бројот на потврдени случаи на заболени од МЕРС по Саудиска Арабија, каде што од 2012 година се регистрирани над илјада лица. МЕРС зафати вкупно 23 држави, меѓу кои Јордан, Катар, ОАЕ, Тунис, Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Официјално се потврдени 1.271 случај на заразени луѓе, а починати се најмалку 448 лица. Против вирусот засега нема вакцина или лек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top