| четврток, 6 декември 2018 |

Намалувањето на пензиите од 2012 година е незаконско, одлучи грчкиот Врховен суд

суд2

Врховниот суд на Грција одлучи дека владата треба да ја поништи одлуката од 2012 година за намалување на пензиите во приватниот сектор, мерка донесена во рамки на пакетот реформи за штедење договорени со меѓународните кредитори.

Одлуката е спротивна на грчкиот закон и на Европската конвенција за човекови права бидејќи ги лиши пензионерите од правото на достоинствен живот, се наведува во одлуката на судот.

Пресудата не се однесува на државниот сектор.

Левичарската СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас пред изборите се залагаше дека ќе ги преразгледа некои од мерките за намалување на платите и на пензиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top