| четврток, 6 декември 2018 |

Седници на три собраниски комисии

Sobranie novi ministri ostavki (4) (Custom)
Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на собраниските комисии за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за здравство е предлог-законот за дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, во второ читање, на Комисијата за земјоделство предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

Точките од комисиите за здравство и за земјоделство се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, која треба да се изјасни и за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка, во второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top