| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ставовите на Заев ги градат НВО, професори, уредници на весници

zaev-vo-univerzalna-8
Заев дојде да не се договори. Дојде со такви изградени ставови што воглавно му ги градат други луѓе блиски до СДСМ, Дали се тоа претсавници на невладини организации, дали се тоа универзитетски професори или уредници на весници… Тие му ги градат ставовите, доаѓа со тоа и прави се за да не се договори. Затоа што договорот ќе значи чист пат до избори на кои тој ќе треба да се соочи со народ, не само со Никола Груевски. Треба да се соочи со 2 милиони гласачи и да ја добие нивната доверба. Тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаднат преговорите, како што денеска пропадна, да се одложат изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Да се забави доаѓањето на нови инвеститори или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да тоне економијата и тој тука да го пронајде својот политички спас. Еве, нема да оди економијата, ќе паѓа индустриско производство, ќе паѓа извоз, ќе паѓаат инвестиции и тој тука да добие нешто да не изгуби или да изгуби поблаго затоа што сега ќе го доживее најголемиот пораз во историјата на СДСМ – изјави премиерот Никола Груевски доцна синоќа, по завршувњето на средбата во Брисел на која не се постигна договор за избори во 2016 година, како што беше најавено по средбата во Скопје на 2 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top