Денеска имаше многу шпекулации. Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и оваа за техничка Влада, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации кои ги добивавте од страна на СДСМ беа неточни. Заев дојде да не се договори. Дојде со такви изградени ставови што воглавно му ги градат други луѓе блиски до СДСМ, Дали се тоа претсавници на невладини организации, дали се тоа универзитетски професори или уредници на весници… Тие му ги градат ставовите, доаѓа со тоа и прави се за да не се договори. Затоа што договорот ќе значи чист пат до избори на кои тој ќе треба да се соочи со народ, не само со Никола Груевски. Треба да се соочи со 2 милиони гласачи и да ја добие нивната доверба. Тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаднат преговорите, како што денеска пропадна, да се одложат изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Да се забав доаѓањето на нови инвеститори или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да тоне економијата и тој тука да го пронајде својот политички спас. Еве, нема да оди економијата, ќе паѓа индустриско производство, ќе паѓа извоз, ќе паѓаат инвестиции и тој тука да добие нешто да не изгуби или да изгуби поблаго затоа што сега ќе го доживее најголемиот пораз во историјата на СДСМ – рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали била договорена техничка влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст