| четврток, 6 декември 2018 |

Српската актерка Гавриловиќ ја удри автомобил

jelena-gavrilovic-
Актерката Јелена Гавриловиќ преживеала вистинска драма, кога неодамна ја удри автомобил на пешачки премин во центарот на Белград.
Имено, човекот кој ја удри актерката веднаш излегол од автомобилот и ѝ помогнал, ја пренел до Ургентниот центар каде и констатирале контузија на нозете.

Актерката, која ја гледавме во шоуто „Твоето лице звучи познато“ ги потврди овие информации.

-Вистина е, ме удри автомобил, но сега сум ОК. Носев патерици десет дена и беше прилично болно, рекла убавата Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top