Европскиот парламент изгласа денеска резолуција во која се констатира дека партнерските односи на Русија со ЕУ се тешко оштетени со агресивната политика на Москва и непочитувањето на европските вредности.
Од европските институции се бара да донесат низа мерки за сузбивање на руското влијание.
– Руското раководство со агресијата врз Украина и анкесијата на Крим го донесе нашиот однос до раскрсница- се вели во резолуција која е усвоена на пленарна седница во Стразбур со 494 гласови „за“, 135 „против’ и 69 воздржани.
Парламентот побара од Комисијата да издвои средства за конкретни проекти наменети за сузбивање на руската пропаганда во ЕУ и вон нејзините граници и финансиски да помогне руски независни медиуми и невладини организации како и внимателно да надгледува тек на руски пари кон политички партии во членки на ЕУ.
Парламентот острто ја осуди „црната листа“ на која се луѓе на кои им е забранет влез во Русија поради наводна штета по националниот интерес, а на која се 19 членови на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.