| четврток, 6 декември 2018 |

Кандидатите незадоволни од жирито, нивните хонорари до небо

Членовите на жирито во „Икс-фактор“ се двапати поплатени од нивните колеги на хрватското „Гласот“ (The Voice). Покрај тоа, за нив се предвидени телевизиски настапи во најгледаните емисии и свирки низ цела Србија.

Жељко Јоксимовиќ (43), Александра Ковач (42), Тончи Хулиќ (53) и Масимо Савиќ (53) добиваат хонорар од 2,5  милиони денари (40.000 евра), а платен им е и смештајот во најлуксузните белградски хотели.

Но, жирито не ги исполни очекувањата на сите кандидати, пишува хрватски „24сата“. Дел од нив се пожалија дека менторите немаат време за нив, бидејќи имаат тезги, а со нив работи само Александра Ковач, која се обидува да ги научи да пеат.

На Жељко Јоксимовиќ му префрлиле дека неговите настапи, посебно оној во Дубаи неодамна, му се поважни од шоуто.

Публиката оцени дека тимот на ончи Хулиќ е недоволно подготвен, па затоа и групите отпаднале први

За разлика од„Икс-фактор“, во хрватскиот „Гласит“ повеќе се штедеше на жирито, иако продукцијата беше многу поскапа. Тони Цетински (46), на пример, како судија во шоуто заработи 20.000 евра.

Во хрватската веризја на „Твоето лице звучи познато“, пак, жирито доби по околу 6.500 евра хонорар за целата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top