| четврток, 6 декември 2018 |

Привршува реконструкцијата на патниот правец меѓу селата Долно и Горно Соње

пат

До крајот на неделата се очекува да биде завршена реконструкцијата на локалниот патен правец меѓу селата Долно и Горно Соње.

За реконструкција на овој пат во должина од околу 1,1, километар се инвестирани шест милиони денари. Парите се обезбедени преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Увид во градежните работи денеска извршија директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Сопиште, Стевче Трпковски.

Во рамки на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Сопиште во претходните две години ги заврши локалните патни правци село Ракотинци – мост за село Добри Дол и за село Добри Дол со вкупна должина од околу четири километри во вредност од 21 милион денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top