Сестрата на Јованка Броз, Нада Будисајлевиќ во книгата „ Мојата сестра Јованка Броз“ открива занимиливости од животот на Јосип Броз Тито и првата дама на СФРЈ. Доживотниот претседател во време на неговото владеење го посетувале многу филмски ѕвезди од странство и тоа на него многу му годело, а и на Јованка.
– Еднаш Тито ми даде да прочитам писмо кое му го напишал Ричард Бартон. Сакав да видам како Бартон пишува, му напишал рачно писмо. Тоа за мене беше многу интересно. А во писмото на Бартон пишуваше дека му е непијатно што играл во филмот „ Сутјеска“ и го глумел Тито, му напишал дека не сака луѓето да го гледаат и да го споредуваат со Тито, и дека чувствува како да губи во тоа споредување, раскажува Нада и додава:
-Инаку мисалм дека Тито беше горд и задоволен што Ричард Бартон го глумел неговиот лик бидејќи во тоа време Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беа најголемите филмски ѕвезди во светот. Сестрата на Јованка раскажува дека Тито уживал да готви и на Софија Лорен ѝ приготвил штрудли со јаболка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст