Тимови на Агенцијата за вработување денеска пред трговскиот центар Сити мол во општина Карпош ќе ги информираат граѓаните за бенефитите од проектот „Македонија вработува“.
Со проектот се очекува да се зголеми вработеноста. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.
За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.
Преку проектот за нешто повеќе од еден месец, колкушто се спроведува, работа добиле повеќе од 1.600 лица, од кои деведесеттина постари од 58 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст