| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанските правила ја промовираа Болоња во нов член на Серија А

На интересен начин и најмногу благодарение на специфичните италијански правила за бараж мечевите, 7-кратниот првак на Италија, Болоња се врати во Серија А. Болоњезите играа бараж за кам-бек во елитата и на двапати беа на работ на амбисот и ќе испаднеа, ако се сметаа европските правила за повеќе погодоци на гости при израмнет вкупен резултат.

Но, во Италија важат поинакви фудбалски закони, во баражот во таква ситуација понатаму оди подобропласираната екипа, па Болоња најпрво го елиминира Авелино, а потоа воп финалниот двомеч ја исфрли од игра и Пескара.

Најдобра илустрација на целиот случај е токму таа на новиот прволигаш. Болоња го заврши шампионатот во Серија Б на четвртата позиција пред осмопласираниот Авелино и за една позиција подобрата Пескара, која беше седма.

bolonja

Избраниците на Делио Роси беа слободни во четвртфиналните двомечи од баражот за едно место во Серија А, а потоа во полуфиналето на мегдан им пристигна Авелино. Првиот меч на гости го доби Болоња со 1-0, но потоа загуби дома со 2-3 и по логиката на европските фудбалски правила требаше да испадне поради повеќе примени голови на свој терен (3 наспроти 1) при израмнет вкупен резултат од 3-3. Во Италија важи поинакво правило, за пласман понатаму на екипата која била подобропласирана во регуларниот дел од шампионатот, што на Болоња и одеше во прилог и во финалето. Првиот меч во Пескара заврши 0-0, во Болоња беше 1-1 и повторно болоњезите беа посреќни и се пласираа во Првата италијанска лига, заедно со Карпи и со Фросиноне, екипи кои за првпат во клупската историја ќе бидат членови на Серија А.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top