Сите присутни во салата за прес-конференции на Белата куќа биле евакуирани вчера поради добиена телефонска закана за поставена бомба, јавија американските медиуми.
Телевизијата „Ен-Би-Си њуз“ информира дека наредбата за евакуација дошла во време додека во салата се одржувал брифинг на портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Во салата влегол агент на тајната слуба и ги замолил сите присутни да ја напуштат. По ова, во салата е доведено куче-трагач на службата за обезбедување на претседателот на САД.
При проверка во салата не била пронајдена никаква експлозивна направа и по 20 минути на новинарите им било дозволено да се вратат во просторијата.
Прес-службата на Белата куќа информира дека, освен салата за прес-конференции, не била евакуирана ниту една друга просторија во објектот, вклучително ни Овалната соба во која се наоѓал американскиот претседател Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


