
Екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година ќе се реализираат од утре до 19 јуни.
Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.
ДИЦ соопшти дека државната матура ќе се имплементира во согласност со досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, односно полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


