| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска нестабилно време со локален дожд и грмежи

сонце

Релативно сончев старт на утрото во среда. Сепак, нова облачна маса која се наоѓа североисточно од нас ќе ја промени оваа слика во источниот регион во текот на претпладнето. Во 7 часот УХМР ја измери следнава температра:
18 °С Гевгелија, Скопје (З.Рид)
17 °С Демир Капија и Штип
16 °С Скопје (аеродром Петровец), Прилеп, Битола, Струмица и Виница
14 °С Охрид, Претор и Тетово
12 °С Крива Паланка
10 °С Берово

Според Метеопро денеска се очекува развој на нестабилна облачност која околу пладне, попладне и рано навечер ќе донесе нови, локални врнежи од дожд, дел проследени со грмежи. Оваа облачност се очекува да се развива пред се низ местата околу планинските масиви низ земјава. Можност за дожд низ низините повеќе има во северната половина од земјата.
Максималната температура денеска ќе достигне вредности од 29 до 32 целзиусови степени во поголем дел од населените места низ земјава.

УВ индекс 8.
Во Скопје се очекува претежно сончево претпладне со мала облачност. Попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност која локално низ котлината ќе донесе повремен дожд и грмежи. Максималната температура во Скопската котлина ќе достигне 31°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top