| четврток, 6 декември 2018 |

Хичам Чабиб – најсуровиот терорист на Исламската држава (фото)

terorist1-630x420

Хичам Чабиб, кој си го сменил името во Абу Ханиефа, ѝ се придружил на Исламска држава во март 2013 година, а за нецели две години напредувал до позицијата главен командант во религиската полиција.

terorist2

Овој Белгиец од арапско потекло, бил еден од првите луѓе од западна Европа кои пристапиле во ИСИС, а денес преку социјалните мрежи активно учествува во врбувањето нови членови за оваа терористичка организација.

terorist3

Единицата на Чабиб дејствува во де факто престолнината на Исламска држава – сирискиот град Рака, а тој лично се појавува во неколку десетици морбидни видео снимки на кои се прикажани брутални убиства на неистомисленици и „неверници“.

Пред да ѝ се придружи на Исламска држава, Чабиб бил еден од лидерите на радикалната исламистичка група Шеријат за Белгија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top