Болките во грбот се главна причина за лошото здравје во светот, покажа една голема меѓународна студија.
Истражувањето во 188 земји во светот покажа дека болките во долниот дел на грбот предизвикуваат повеќе години живот во агонија отколку која било друга болест во светот. Поради овие болки голем е процентот на неподвижност на населението.
Болките во вратот се исто така високо на листата на најчести заболувања.
– Телото на човекот е направено да биде активно и во движење, а не е создадено за живот кој сега го живееме – изјави физеотерапевтот Стив Толан.
Болките во грбот почнуваат во раните 20-ти години, а за тоа е виновно седењето пред компјутер и мобилните телефони.
Во денешно време на модерни технологии од оваа состојба страдаат дури и деца, покажа истражувањето.
Меѓу најчестите заболувања се депресијата, дијабетес, проблеми со слухот, мигрена и бронхитис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст