| четврток, 6 декември 2018 |

Молотов коктел во куќата на чешкиот министер за одбрана

Во дворот на куќата во која живее чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки во неделата биле фрлени четири шишиња со запаллива смеса и случајот се испитува како обид за јавно загрозување, соопшти портпаролот на полицијата Томаш Хулан.

martin-minister500

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според министерот за внатрешни работи Милан Хованец се работи за „хемикалија која би почнала да гори со падотм односно за т.н. молотов коктел“.

Шишињата биле фрлени на терасата на домот, но не експлодирале со полна сила и огнот бил лесно изгаснат.

Стропницки го осуди нападот нарекувајќи го кукавички, кој го загрозил неговото семејство. Тој смета дека чинот е поврзан со неговата работа.
Инцидентот се испитува, а министерот е под зголемено обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top