| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Русија нема да го крши Договорот за ракети од мал и од среден дострел

лавров

Русија нема намера да го крши Договорот за ракети од мал и од среден дострел, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој напомена дека САД досега не ги конкретизирале своите обвинувања за наводно руско кршење на тој договор.

– Тоа е несериозно. Подговтвени сме да разговараме за конкретни докази кои им даваат основа на САД да претпостават дека нешто сме прекршиле – оцени тој на прес-конференција.

– За жал, имавме две рунди консултации – минатата есен и оваа година. Ниту во подготовките за консултации ниту за време на консултациите американските колеги не ги конкретизираа своите сомнежи – нагласи Лавров.

Договорот за уништување на проектили од среден и од мал дострел САД и СССР го потпишаа во 1987 година. Двете држави се обврзаа да ги уништат целосно своите ракети од среден (радиус од 1.000 до 5.500 км) и краток дострел (500 до 1.000 километри). Договорот е исполнет во 1991 година, а до 2011 година вршени се заемни инспекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top