| четврток, 6 декември 2018 |

ЕКРИ: Oстанува загриженоста за говорот на омраза во Албанија

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ) во својот последен извештај за Албанија оценува дека и покрај позитивните случувања, останува и понатаму загриженоста за неттрпеливоста присутна во јавниот говор и поради слабата интеграција на Ромите, пренесува дописникот на МИА.

Во најновиот извештај, Европската комисија против расизам и нетрпеливоста (ЕКРИ) објавен денеска во Стразбур, се врши анализа на последните случувања во оваа земја и нерешените прашања, како и давање на препораки до надлежните органи.

“Не постои вистински проблем за разбирање меѓу различните компоненти на албанското население, но ние и понатаму остануваме загрижени поради говорот на омраза на политичарите, и од недостигот на одржливост и слабите резултати на програмите за интеграција на Ромите, изјави Кристијан Ахлунд, претседател на ЕКРИ.

Меѓу напредок, извештајот забележува дека Кривичниот законик беше изменет за подобро да ги заштити припадниците на ЛГБТ заедницата, Народниот правобранител и комесарот за заштита од дискриминација интервенираше во борба против говорот на омраза и јавните власти усвоија етички кодекс што содржи одредби за недискриминација. Што се однесува до Ромите, е направен значителен напредок во запишувањето во регистрите на матичните служби, како и во намалувањето на стапката на напуштање на школскиот систем.

Исто така, пристапот до правда за жртвите на дискриминацијата останува и понатаму тежок. Не постојат сигурни податоци за криминалот направен од омраза или сумирани податоци за оценување на програмите за интеграција на Ромите; образовните резултати остануваат и понатаму слаби за многу Роми и Египќани, со што се поткопува пристапот на припадниците на овие зеадници на пазарот на трудот. И ризикот од иселување без алтернатива станбено решение е уште еден проблем за овие заедници. Покрај тоа, покрај голем број на законски предлози, регулативата молчи и за на клучните аспекти на приватниот живот на ЛГБТ заедницата, вклучувајќи го и регистрираното партнерство.

Во својот извештај, ЕКРИ испрати голем број на препораки до албанските власти. Следните две треба да се спроведе брзо и ќе бидат разгледани од страна на ЕКРИ за две години: обезбедување на ефективен пристап до правда за жртвите на дискриминација со функционирање на системот за правна помош и со доволно средства за истиот, и да се увери дека Ромите и другите луѓе не се протерани без соодветно и алтернативно решение за домување.

Во извештајот на едно место се споменува и македонското малцинство кое заедно со грчката и српско-црногорската заедница се признати од албанската држава како национални малцинства. Имено известувачите забележуваат дека на 27 ноември 2012 година Црвено Црниот сојуз, кој подоцна се регистрирал како политичка партија, започнал кампања против користењето на македонскиот јазик на инфоративните паноа и плакетите на улиците во Пустец, во кој жителите во мнозинството се Македонци.

Извештајот беше подготвен по посетата споведена од страна на ЕКРИ во Албанија во септември 2014 година и во него се опфатени настаните до 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top