Американски и швајцарски истражувачи се занимаваат со доделување на организацијата на светските шампионати од 1990 година до денес: во ек на шампионатот во 2018 година во Русија и 2022 година во Катар
Фудбалот покренува милиони: навивачи на стадиони ширум светот, но и милионски суми во долари, евра и швајцарски франци кои се појавуваат и исчезнуваат во дубиозните зделки на ФИФА. Светската фудбалска организација ФИФА, за само неколку дена, стана најозлоголасена организација на планетата. Голем медиумски хор заклучи: ФИФА е една од најлошите мафијашки организации на светот.
Кога бубамарата ќе се стркала, светот се смирува. Стотици милиони луѓе го сакаат фудбалот бидејќи донесува задоволство и среќа. Поради тоа и се вели дека фудбалот е најважна споредна работа на светот. За негов доскорашен шеф Сеп Блатер и неговите компањони, фудбалот изгледа бил повеќе од игра. Прво бил бизнис и тоа валкан.
Обвиненијата на сметка на Светската фудбалска организација поради криминал не е некоја новост. Еден пример: Сеп Батлер во 1998 година првпат е избран за директор на ФИФА, а од Фудбалскиот сојуз на Германија тогаш стигнуваа обвиненија дека ја купил фотељата за претседател.
Во последните неколку децении имаше многу потешки или слични обвиненија. Меѓутоа, никогаш немаа судски епилог.
За скандалите внатре во ФИФА многу се пишуваше. Еден од најзначајните прилози во тој лов даде авторот Томас Киштнер чија книга ФИФА-мафија, валкани работи во светскиот фудбал, е бестселер во Германија.
Киштнер ја истражувал работата на ФИФА од 1990 година и од тоа настанала книга од 400 страници под име кое недвосмислено зборува до какви откритија дошол авторот. Посебно од кога на нејзино чело е Сеп Блатер, ФИФА направила голема мрежа на дејности во кои се замешани најмноќните луѓе на светот, бизнисмени, политичари, монарси… Кога на тоа ќе се додаде дека на сметка се милијарди долари, јасно е дека во приказната биле големи риби.
Во едно интервју Киштнер откри дека и самиот бил на удар на Светската фудбалска организација. Кога меѓу издавачите протекла веста дека неговата книга е во подготовка, преку тајни канали од ФИФА стигнала понуда да се откаже од издавање на книгата за што ќе биде богато награден.
Токму поради толку големата сума на пари тешко било да се пробие Блатеровиот систем. Меѓутоа, сега состојбата е поинаква. Во игра влегоа Американци кои ја ставија ФИФА под своја лупа. Следеа апсења на директори на Светската фудбалска организација во Цирих во Швајцарија и во САД и истрагата доби силен замав. Самиот Блатер го преживеа првиот американски-швајцарски удар, но сепак беше принуден да поднесе оставка на позицијата претседател на ФИФА, по неколку дена откако го доби петиот мандат.
Американските и швајцарските истражувачи посебно се бават со доделба на организацијата на светското првенство во фудбал – од 1990 година до денес. Веќе се зборува за конкретни имиња кои, покрај наводно скромна надомест од неколку милиони долари, помогнале некои држави да станат домаќини на светското првенство.
Иако тоа никаде официјално не е изјавено, но на американските истражувачи посебно им се интересни две првенства: во 2018 година доделено на Русија и во 2022 година чиј домаќин ќе биде Катар. Од 2010 година кога Русија беше избрана да го организира Светското првенство во фудбал, спорадично се слушаа барања оваа одлука да биде поништена или дека Западот треба да го бојкотира ова првенство. Украинската криза и отворените судири меѓу Западот и Русија, драстично ги зајакнаа тие барања. Во таа политичка приказна одлично се вклопува земјотресот во ФИФА и оставката на Блатер. Така добро угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне зборува за студената фудбалска војна.
Овој фудбалски притисок на Русија сигурно нема да биде за кус период. Таков заклучок го потврдуваат германските медиуми кои навестуваат преиспитување на одлуката за доделба на светскиот шампионат во фудбал во 2018 и 2022 година иако за тоа сеуште нема правна основа.
Во поделба на работата меѓу Американците и Швајцарците овие другите добија задача да ја претресат Русија и првенството во 2018 година. Списокот на тие кои ќе бидат испитани е долг, меѓу нив се и познати имиња како Франсоа Бекенбауер, легендарсниот германски фудбалер и селектор. Ако во истрагата се откријат компромитирачки детали тие ќе бидат искористени како причина на Русија да се одземе организацијата за светското првенство во 2018 година.
Русија и Катар се надеваат дека во борбата ќе ги зачуваат своите шампионати на светот со помош на добивката од ФИФА. Имено, сеуште не е објавен извештајот на Михаел Гарсије, поранешен истражувач на етичкиот комитет на Светската фудбалска организација, кој се бавеше со избор на домаќин на шампионатот во 2018 и 2022 година. Ако во извештајот се наведат криминални дејности или сомнителни факти, наследникот на Блатер на местото на прв човек на ФИФА може тоа да го искористи како помош на едната или на другата страна. И додека Русија и нејзиното првенство можат да бидат жртва на светската политика, Катар има најмногу проблеми со Велика Британија. Земјата за која се вели дека е колевка на фудбалот, сеуште не го прежалила поразот од Катар во трката за организација за првенството во 2020 година, па така шампионатот во 2022 година сепак би можел да се пресели на Островот.
Интересно е дека покрај исклучително гласниот антифифа хор, се слушаат и нешто поинакви гласови. Насловот во еден германски весник: Правда за Сеп Блатер, е еден од таквите примери.
Да потсетиме ФИФА е една од најмноќните светски организации: има 209 членки, повеќе од Обединетите нации, на сите континенти. Според неофицијални податоци од 2011 до 2014 година, сврте над 4 милијарди долари: огромна сума на пари која е примамлива цел за разни мешетари и измамници.
Блатеровите адвокати тврдат дека ФИФА е една од нај одговорните организации која за неговиот мандат вложила најмалку 2 милијарди долари во изградба на спортски и социјални зданија во неразвиениот свет, посебно во Африка.
Освен апелот за Блатер, се појавија и сериозни анализи за неприфатливиот однос на САД кои го извезуваат својот правен систем во светот и со тоа го кршат меѓународното право. Анализирајќи го овој факт, коментаторот на угледниот весник Ханделсблат вели: Случајот со ФИФА покажа дека Швајцарците и Европјаните се премногу слаби за да го решат проблемот. Затоа САД мораа да ја преземат играта во свои раце, а Европјаните и Швајцарците испија горко апче. Авторот на наведениот коментар потсетува дека е виден уште еден чекор кон американизација на светот. По Втората светска војна, американската доминација во политиката, културата, науката, спортот… растеше од година во година. И сега дојде време во светот да оди и малку правен систем на САД.
И да се вратиме на фудбалот. Волшебната игра ќе продолжи да живее и по ударот на заоконот на Светската фудбалска организација. Да се надеваме на малку почиста и со помалку мафијашки фаули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст