Новиот македонски селектор, Љубинко Друловиќ се соочува со дополнителни проблеми пред неговото деби на кормилото на фудбалската репрезентација, а причината се повредите на дел од играчите. Против Словачка во Жилина на 14. јуни по Јован Костовски, нема да игра ниту стоперот Ванче Шиков. Фудбалерот на Австрија Виена допатува на подготовките во Скопје, но повредата на градниот мускул не му дозволува да игра со Словаците.
Претходно отпадна и напаѓачот Костовски, па јасно е дека Друловиќ во дебито на кормилото на нашата репрезентација ќе мора да најде замени за двајцата играчи кои беа во потесниот круг за настап против лидерот во нашата квалификациска група за пласман на ЕП во Франција следната година. мечот во Жилина ќе се игра од 20,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.