| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на изложбата на француски дела во Музејот на современа уметност во Скопје

В четврток, 11 јуни, во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи свечено отворање на изложбата на француски дела во рамките на постојаната колекција на Музејот. Изложбата е насловена како „Париз – Скопје, приказна за меѓународна донација“.

unnamed (4)

Изложбата е во соработка на Амбасадата на Франција во Македонија и Музејот на современа уметност во Скопје.

Истата вечер ќе биде промовиран и каталогот на дела од француската колекција, издаден од страна на „Магор“.

На изложбата ќе присустува минситерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер, Елиза Шулевска, директорка на Музејот на современата уметност во Скопје и Силвен Лекомбр, автор на историскиот осврт кон француската донација на делата и поранешен директор на музејот „Задкин“ во Париз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top