На патниот правец Куманово – Скопје кај Агино Село утринава се преврти камион со бугарски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, соопшти кумановската полиција.
Според информациите од хируршкото одделение од болницата во Куманово, странскиот државјанин се здобил со лесни телесни повреди.
Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Куманово – Скопје е во прекин за тешки товарни возила и автобуси.
Во тек е увид на местото на несреќата.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.