| четврток, 6 декември 2018 |

Боби во полуфинале, Давид испадна од „Икс-фактор“

Бидејќи вчера не испадна ниеден кандидат, вечерва „Икс-фактор“ го напуштија дури четворица кандидати. Останатите, пак, продолжуваат во полуфинале.

Охриѓанецот Боби Мојсоски прв го доби посакуваното „да“ и со најмногу гласови од публиката влезе директно во полуфинале. Веднаш по него, според гласовите на публиката, за полуфиналисти беа прогласени Магдалена Богиќ и „9 контрол“.

Со најмалку гласови од публиката, шоуто прва го напушти Катерина (Нина) Симиќ. Во првиот дуел, песна за спас пееја Илија Михаиловиќ и Антонио Криштофиќ. Жирито одлуката му ја препушти на публиката, па според смс пораките, на ред беше Илија да го напушти шоуто.

Босанците Аднан и Тарик го оправдаа епитетот „фаворити на публика“, бидејќи токму нивните гласови директно ги одведоа во полуфинале.

Црногрецот Милан Букилиќ овојпат не доби шанса да ја пее песната за спас, бидејќи со недоволен број на гласови од публиката, тој е третиот кандидат што вечерва го напушти шоуто.

Во полуфинале ќе настапуваат и Амел Чуриќ, единствениот преостанат кандидат од групата на Масимо Савиќ, и Ива Чуриќ од групата на Жељко.

Скопјанецот Давид Темелков, за првпат се најде во дуел, и тиа со „Хајвеј трио“. Како песна за спас Давид ја одбра „Игри без граници“ на Тоше Проески, но жирито одлучи дека понатаму продолжува црногорското трио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top